Search

Анкета: Мнозинството Американци веруваат дека е предимензионирана опасноста од Ковид-19

Резултатите од најновата анкета на Пју истражувачкиот центар покажуваат дека се поголем број на Американци веруваат дека е предимензионирана опасноста од новиот коронавирус, и мнозинството не верува о информациите кои доаѓаат од претседателот Доналд Трамп.

Анкетата покажува дека републиканците се многу поуверени од демократите дека вирусот е прикажан како „поголем проблем отколку што навистина е”.

Само триесетина проценти од луѓето во САД изјавиле дека Трамп ги сфаќа фактите за пандемијата, додека јавните здравствени институции уживаат двојно поголема доверба од околу 64 отсто.

Резултатите од анкетата покажуваат дека мнозинството републиканци не им веруваат на државните и локалните власти и локалните медиуми. Додека демократите речиси и да немаат доверба во Белата куќа, а само девет проценти од лево ориентираните оцениле дека администрацијата на Трамп воглавно правилно ги утврдува фактите.

Пју наведува дека се намалува и бројот на луѓе кои ги следат вестите за Ковид-19.

Анкетата е спроведена од 4 до 10 јуни пред најновиот порраст на заболени лица со јужните и југозападните американски сојузни држави.

Во САД над 2,5 милиони луѓе се инфицирани со новиот коронавирус, од кои починале најмалку 125.000 лица.

Треба да знаете
Последни објави