Search

Анкара: Ирационално е тврдењето дека Турција ќе ги нападне Курдите

Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска оцени дека е „ирационално” тврдењето дека Турција ќе ги нападне Курдите.

Тој прецизираше дека мета на турската војска е Исламска држава, како и припадниците на курдската Единица за заштита на народот и Работничката партија на Курдистан.

Американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон претходно изјави дека новиот услов за повлекување на американската војска од Сирија е Турција да прифати да ги заштити Курдите во Сирија, кои се сојузници на САД.

– Не мислиме дека Турција треба да преземе каква било воена акција која не е целосно координирана и со која не се согласуваат САД, за да не се загрози нашатата војска, но и да не се загрозат опозициските сили на Сирија кои се бореа со нас, изјави Болтон во Ерусалим.

Одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја повлече војската од Сирија остави многу отворени прашања, пред се дали американските сојузници на североистокот на Сирија ќе се најдат на мета на Турција.

На тоа подрачје се присутни припадници на курдската Единица за заштита на народот, која официјална Анкара ја смета за терористичка организација.

Болтон е во посета на Израел и ќе разговара со тамошните власти, а утре ќе ја посети Турција.

Треба да знаете
Последни објави