Search

Анкара го повика Пекинг да ги затвори концентрационите логори за муслимани

Турција ја повика Кина да ги затвори логорите за притвор на муслимани во западниот дел од земјата, сметајќи ги логорите, во кои наводно има околу еден милион етнички Ујгури, дека се голема срамота за човештвото.

Минатата недела, активисти за човекови права ја повикаа Европа и муслиманските држави да поттикнат отворање истрага во ОН за кинеските логори во кои има еден милион Ујгури и други муслимани, а се наоѓа во покраината Синјанг.

Кинеската амбасада во Анкара, на својата интернет страница објави долг одговор во кој стои дека обвинувањата се лажни и носновани, при што ја повика Владата да ги повлече.

Пекинг се наоѓа под се поголем притисок на меѓуанродната заедница поради својата програма на таканаречната дерадикализација во покраината Синјанг.

Анкара ја повика меѓународната заедница и главниот секретар на ОН да преземат соодветни мерки.

Треба да знаете
Последни објави