Search

Анимирано порно видео го прекина состанокот на италијанскиот Сенат

Зум состанокот на италијанскиот Сенат беше прекинат со објавување на анимирано порно видео со ликови од видео играта „Final Fantasy“

Виртуелниот состанок на италијанските пратеници и академици беше накратко прекинат кога интернет трол објави анимирано порно видео со ликови од видео играта.

Тифа Локхарт од видео играта Final Fantasy беше главниот протагонист на компјутеризираното порно видео кое траеше околу 30 секунди пред „шегобиецот“ да биде фатен и исфрлен од состанокот.

На состанокот, организиран од Палатата на Јустинијан на италијанскиот Сенат, присуствуваа бројни пратеници од Движењето 5 ѕвезди, како и академици, меѓу кои и физичарот Џорџо Паризи, кој минатата година ја доби Нобеловата награда.

Сенаторката Марија Лаура Мантовани рече дека за ова ќе ја извести полицијата.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави