Search

Анимацијата „Една” на Вук Митевски со престижна награда на Филмскиот фестивал во Краков

Краткометражната анимација „Една” на Вук Митевски на филмскиот фестивал во Краков ја освои наградата на жирито за најдобар европски краткометражен филм и со ова добива директна номинација за Европската филмска Академија.

Европската Филмска Академија, листата на 15 номинации за најдобар краток филм ги добива од наградените филмови од 15 фестивали. Меѓу овие фестивали од кои се добива директна номинација се и Венецискиот, Берлинскиот, Локарно, Сараевскиот и Краков Филмскиот фестивал каде што „Една” ја освои наградата.
На Краков Филмскиот фестивал наградата се одбира од филмовите во две селекции за краткометражен игран филм и анимиран филм заедно.
„Една” е 11 минутна анимација инспирирана од бегалската криза, каде што нашата држава како транзитна земја ја проследи реката човечки судбини. Филмот е љубовна приказна поставена во многу необични околности, раскажана на многу апстрактен и поетски начин.
Анимацијата е изработена во рачен цртеж а копродукција е помеѓу нашата држава и Белгија, и е подржана од Македонската Агеција за Филм.
Сценариото е на Теона Стругар Митевска, музиката е изработена од Оливие Самујо, звук Емил Клотзц, монтажа на Благоја Неделковски и Ванчo Мираковски, асистент аниматор Марија Коробар.
По претходниот успех со повеќекратно наградуваната анимација „Алерик”, ова е четврта анимација на Вук Митевски.
Треба да знаете
Последни објави