Search

Андреску се извини на њујорчани: Знам дека сакавте Серена да победи

Младата канадска тенисерка Бјанка Андреску направи вистинска сензација со триумфот на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен.  Андреску во финалето ја совлада Серена Вилијамс со 6:3,7:5 и ја спрече Американката да дојде до 24 грен слем трофеј.

– Знам дека сакавте Серена да победи, извинете. Се очекуваше Серена да успее да се врати во игра, во минатото тоа често и успеваше. Поради тоа е голем шампион, но јас се трудев да го дадам најдоброто од себе – изјави Андреску.

Американката втора година по ред губи во финалето на УС Опен, минатата година поуспешна од неа беше Наоми Осака со што не успеа да стане тенисерка со највеќе грен слем титули. Моментно, Маргарет Корт има 24 грен слем титули и на Вилијамс и недостасува само уште еден трофеј од грен слем турнирите за да се израмни со славната Австралијка.

Треба да знаете
Последни објави