Search

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека открил оти е болен на 10 март, но немал посебни симптоми. Тој имал само лесна треска.

„Мојата сопруга, децата и јас го прележавме коронавирусот. Имав треска, но во пракса имав вирус без симптоми“, рече музичарот.

Андреа беше во болницата „Цисанело“ во Пиза за да донира крвна плазма за истражување на коронавирусот. Тоа може да го донираат само луѓе што биле позитивни на вирусот и оздравеле. Заедно со него крвна плазма донирале неговата сопруга и двете деца.

Еден месец по дијагнозата, за Велигден, Бочели пееше во празната катедрала „Дуомо“ во Милано.

Во катедралата немаше публика поради мерките што беа во сила среде борбата против пандемијата на коронавирусот. Бочели го изведе концертот про боно, во хуманитарни цели.

Треба да знаете
Последни објави