Search

Андоновски: Скандалот со распределбата на пари на ЕУ се проширува на директорот на Агенцијата за Странски инвестиции и Промоција на развојот

СДСМ не ги пустоши само парите на македонските граѓани, туку подеднакво алчно се однесува и кон парите на европските даночни обврзници кои треба да бидат наменети за развој на образованието, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Скандалот со распределбата на финансиските средства на Европската унија се проширува и во други институции. Конкретно, постојат индиции за спрега помеѓу директорот на Агенцијата за Странски инвестиции и Промоција на развојот (Invest in Macedonia) Г-дин Арбен Вила и Директорката на Националната агенција Г-ѓа Лидија Димова во доделувањето на средства за одредени проекти. Сомнежи за нас отвора фактот што г-дин Арбен Вила кон крајот на 2018 година, преку електронска пошта, контактирал училишта од Република Македонија и им нудел посредување при добивање  грантови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за 10 проценти провизија. До нас пристигна email кореспонденција т.е. пораки кои Директорот на оваа државна институција ги праќа до поголем број на училишта во Р. Македонија. Во истите тие тој се претставува како експерт за акцијата КА2 во делот 229 кој има контакти со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, рече Андоновски.

Тој појаснува дека во пораката која Г-дин Вила ја испраќа до училиштата ја наведува јасно неговата тарифа од 10% од вкупната вредност на доделениот грант. Овој износ треба да биде уплатен на сметката на негова Невладина организација од Тетово.

-Цитирам: Следи договор помеѓу Balkans Mobility Network и вашето школо каде што во случај на секој добиен проект од нашата страна Balkans Mobility Network добива 10% од целокупниот буџет од вашиот тотален буџет. Тие средства ќе бидат префрлани на сметка на Balkans Mobility Network после потпишување на договорот со Национална Агенција и  добивање на вашите 80% од средствата после 7 дена (10% провизија). Во електронската кореспонденција, се советува и училиштето како да се надминат законските пречки од јавната набавка. Цитирам: „Што се однесува на делот на тендерот и целокупните средства, школото ќе биде орган што ќе избира најповолна  понуда за менаџирање на тие средства но секако треба да се имаат предвид и 10 % од целокупниот буџет што мене ми следуваат според договорот. Немаме информација колку училишта наседнале на овој тип притисоци и барања за исплаќање на суми, но имајќи предвид дека се работи за милионски средства, но и високата позиција на г-динот Арбен Вила денес, можеме само да претпоставуваме.

Прашуваме:

-Дали директорката на НА, г-ѓа Лидија Димова и г-дин Арбен Вила неколку пати имале средби во просториите на НА?

-Дали овие средби служеле за договарање на листите на грантисти на кои треба да им бидат поделени средства, а каде посредник е г-дин Вила?

Го прашуваме и Јавното обвинителство и ДКСК, дали во овие случаи не гледаат тргување со влијание заради противправно стекнување на корист во рамки на европските фондови, или пак коруптивност во однесувањето на владините функционери?, прашува Андоновски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави