Search

Андоновски: СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави највисоко на листата по коруптивни практики во светот

СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави  највисоко на листата по коруптивни практики во светот, изјави Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-После драстичниот пад на „Transparency International“ сега објавуваме веќе една недела информации за коруптивното однесување во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност. Бидејќи одговор од институциите под контрола на Зоран Заев  нема денеска ги собираме сите наши наводи, информации, докази кои ги имаме и ги доставуваме до канцеларијата на ЕУ во Скопје. Се надеваме дека институциите на ЕУ во едни солидни транспарентни процедури и практики ќе востановат дали постојат информации за коруптивно однесување за кои ние ги изразивме наводите изминатите неколку дена.

Од друга страна ги повикуваме  сите институции, приватни лица и организации да допрат до нас со информации кои ги имаат за наводи за други коруптивни практики од Националната Агенција  и им ветуваме дека нудиме бескомпромисна борба против корупцијата, против криминалот и ветуваме транспарентно однесување на институциите штом ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта во Република Македонија, рече Андоновски.

 

 

Треба да знаете
Последни објави