Search

Андоновски: Народот заслужува добар, квалитетен и самоодржлив флексибилен здравствен систем

Министерството за здравство покажа огромна воља и желба да го рехабилитираме оваа руинирано здравство кое го наследивме, а медиумите исто така треба да посочуваат, но да сето тоа е конструктивно, а не момент за политички поени или тригер за уништување, смета доктор Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар и директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле. Според него, претстои период кога се очекува огромен број на проблеми да бидат решени и дека со голем труд и заложби, но и жртви ќе се направи голем скок на овој сегмент, најбитен во едно општество.

Постојано сте присутен по медиумите, на што се должи оваа посветеност?

Присутноста означува информација, добра информација, односно битна информација насочена кон родителите на децата е нешто есенцијално битно, а и нешто кое означува и навремено делување се со цел да не дојде до несакани последици. Периодов активноста се базираше на итни информации во врска со епидемијата на морбили која се случува во нашата држава, а најзасегнати се децата. Присутноста означува и посветеност означува и одговорност, а и директна грижа за пациентите и нивните родители, баш поради овој факт. Навистина интересот од страна на медиумите е есенцијално битен за да како медиум во етерот ги пуштат најпотребните информации со што и тие би се вклучиле во подигањето на здравствената свест кај граѓаните, а јас лично секогаш сум стоел на нивно располагање. Така директно и транспарентно и ќе продолжам.

Факт е дека навистина сте борец за подобрен здраствен систем и услуги кон пациентите, дали навистина е тоа остварливо според вас?

Видете, постојат многу услови кои треба да бидат доисполнети и надоместени за да може навистина да во претстојниот период заживее и да се подобри нашиот здравствен систем. Онаа што навистина не треба да го заборавиме, како за почеток, е што навистина наследивме? Руиниран и девастиран здраствен систем. Руина и долгови, е сега сето тоа треба првично да се санира и да се доведе до одредено ниво. Јас лично сметам дека со посветеност и постојана и макотрпна работа може да се успее, но сакам и да посочам да граѓанинот никогаш не заборави што се му се случуваше во изминатата деценија и дека подршката е неопходна како критика или како насочување, за да можеме се што е во нашите можности биде исполнето. Лично јас ќе поговорам околу Детската болница Козле, која навистина од заборавена зафрлена установа сместена во ново градба, а со безброј недостатоци, успеавме со макотрпно и упорно заложување да успееме да стигнеме а дури и да го надминеме квалитетот дури и на приватните здравствени установи кои ги сметаме за наш пандан во работењето. Услугите се на највисоко ниво, време чекање е минимално, сместувањето е можам да кажам дури и хотелско, со најмодерни услови за престој и оноа што навистина ја двои оваа детска болница од другите е дека чуството на децата не е како да се во болница туку во една голема игротека. Исто така имавме голема помош од страна на голем број на добротвори кои со нивните донации ни помогнаа да се снабдиме со соодветна модерна апаратура за да дијагностиката биде на врвно ниво, да не ги заборавиме Јапонската , Германската , Турската и ред други амбасади кои ни помогнаа беспрекорно. Благодарноста е огромна а и ние сме радосни да како професионалци работиме со најсофистицирана опрема. Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување се наши соборци и партнери без кои не би можеле да реализираме се онаа што ни е најнеопходно за да можеме да покажеме дека ние навистина можеме. Болницата очекува започнување на градежни работи во веќе постоечкиот дел на болницата каде ќе биде поставен целосно и центарот за цистична фиброза  која сега во моментов брои 124 пациенти на територија на цела држава. Да напоменеме дека се изборивме да овие пациенти со ЦФ бидат снабдувани со лекарства ширум републиката и да не се изложуваат на додатни трошоци. Исто така и палијативниот центар за деца ќе биде сместен во Детската болница Козле. Можам да кажам дека постојано се работи на овие работи и очекуваме да што побрзо се профункционира во целост. Значи само да резимирам дека од горе наведеното означува дека навистина со реално и правилно залагање во вистинска насока реално е и остварливо е тоталното подобрување на целосниот здравствен систем во Република Северна Македонија кој дури може да биде и целосно самоодржлив.

Сведоци сме на се поголем број на забелешки во врска со одредени недостатоци во нашиот здравствен систем кое е вашето мислење околу овој момент?

Реално кажано, ние како граѓани мора да сфатиме и да осознаеме дека слободата на искажување е веќе на високо ниво. Луѓето се слободни и слободно можат да говорат. Но јас ќе го кажам овој момент дека навистина треба и сум поборник на вистината, но не и да таа вистина се искривува и од сето тоа се прави еден момент на копрофагија и деструкција. Граѓаните слободно можат да го кажат секој момент кој недостасува или што е онаа кое треба да го подобриме или смениме и да ни се коректор на работењето. Еден непобитен момент е да секој проба да е клекнат 10 минути и наеднаш да проба да стане, тоа е невозможно и мачно, но сепак овој пат веќе кога е потребно  да нашето здравство тргне напред, треба да ракавите се постојано засукани и да се работи. Сметам дека преку свој личен пример а и сето онаа што беше сторено од страна на нашето ресорно министерство се покажа огромна воља и желба да го рехабилитираме оваа руинирано здравство кое го наследивме. Медиумите исто така треба да посочуваат но да сето тоа е конструктивно а не момент за политички поени или тригер за уништување. Навистина претстои период кога се очекува да огромен број на проблеми бидат решени и свесно кажувам дека со голем труд и заложби но и жртви ќе се направи голем скок на овој сегмент , најбитен сегмент од едно општество.

Што очекувате во периодот кој следи? Вашите понатамошни чекори и залагања.

Мислам дека на сите им е позната мојата максима СЕ ЗА ДЕЦАТА. Тоа не е само максима туку и животна цел , ако знаеме дека непобитен факт е дека токму децата се нашата иднина , тие се наследниците на нашата лоза и тие ќе ја продолжат нашата определба и понатака. Искрено не верувам дека ќе има некој кој нема да се бори со сите свои сили за да оваа промена која настана во здравството  после цела деценија не го задржиме кормилото напред и да грабиме само напред. Од законски измени, воведување нови генерики , нови лекарства , поголеми средства за ретките болести, подобрување на условите во сите болници , градбата на новиот клинички центар , зголемен фонд за стручна едукаторска помош од страна на напредните европски и светски центри , намалување на трошоците со подобрување на енергетската ефикасност , справување со епидемиите преку воведување на нови вакцини , средување на човечките ресурски , примање на нов кадар, создавање на квалитетен кадар , поголема помош за пацинти на кои им е неопходна помош во странство,зголемени примања на здравствениот работник и уште цела низа новини во здравство ќе се само вистинскиот праец кон кој ќе се стремиме. Време е на многу нови докажувања како професионални така и етички , народот заслужува добар, квалитетен и самоодржлив флексибилен здравствен систем , токму поради фактот што Република Северна Македонија е мала држава со вреден народ и заслужува да се биде прилагодено на условите во кои живееме а се со една цел да секој граѓанин на кого му е неопходна медицинска помош му биде безпрекорно укажана. Како и на самиот старт што кажав само ќе се повторам дека  и понатака ќе продолжам да ја давам неопходната помош на секој пациент на кој му треба помош , залагањата и понатака ќе се постојани и секојдневни Детската болница Козле ќе стане и првата детска болница во државата и ќе ги има најбитните гранки на педијатријата. Посакувам само да нашите граѓани бидат здрави , работо способни и да заеднички го кренеме и оплемениме оваа општество оваа наша држава. Acta non Verba – Дела не зборови.

 

 

Треба да знаете
Последни објави