Search

Андоновска: Сопственик на фармациска фирма откри дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови

На македонската јавност и се случува нова афера вирус, каде имаме признание за поткуп, а институциите молчат. Деновиве имаме јавно признание од сопственик на фармациска фирма дека му е побаран рекет од Агенцијата за лекови, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ. Таа кажа дека фирмата имала потреба од дозвола за интервен увоз, а Агенцијата за лекови не дала никаков одговор.

„По пријавување на рекетот, сопственикот и фирмата сносат само последици како притисоци, закани, вонредни инспекции, за завршницата да биде незаконско затворање на фирмата. Ова е само еден од низата случаи во кои фирми бараат дозволи од Агенцијата за лекови, а притоа речиси без исклучок на сите им е побаран финансиски надомест или рекет. Министре Филипче, откако ја извршувате функцијата не спречувате сомнителни и криминални постапки, напротив на некој начин ги поттикнувате, затоа морате да дадете одговори“, рече Андоновска.

Треба да знаете
Последни објави