Search

Андоновска: Му подаруваме бел мантил на Филипче, наместо популизам да се симне меѓу здравствените работници и пациентите

Крајно време е министерот Венко Филипче да облече бел мантил, да се соочи со реалноста и да оди помеѓу здравствените работници и пациентите каде што му е местото.

Ако Венко си го заборавил белиот мантил, поради неговите прес конференции, денес ние му подаруваме еден.

Не случајно мантилот е за еднократна употреба.  Исти вакви мантили здравствените работници ги носат во текот на целиот ден или по неколку дена, дури и мораат да ги хефтаат, лепат кога ќе се скинат, затоа што немаат други.

Колку време може да работи министерот со мантил за еднократна употреба, а тоа да не се само прес конференции?

Борбата за лична заштитна опрема за медицинските лица трае од почетокот на епидемијата.

Но, тоа не е единствениот проблем.

Венко треба да облече бел мантил и да ги праша матичните доктори и стоматолози со какви проблеми се соочуваат и како да им се помогне!

Венко треба да облече бел мантил и да ги прошета сите болници, но не тоа да биде изглумено само за ПР, туку за да ги нотира недостатоците на системот и веднаш да пристапи кон негово реорганизирање!

Девет месеци поминаа, зошто не стори ништо?!

Венко да облече бел мантил и да обезбеди протоколи за лекување, како и соодветна терапија!

Венко да облече бел мантил и да обезбеди без застој да се одвиваат прегледи и интервенции за сите останати заболувања кои се од витално значење за луѓето.

Венко да облече бел мантил и да нема вратен пациент од болниците. Но не само обезбедување на кревет, туку и соодветна нега, навремена терапија и достоинствено лекување.

Венко да облече бел мантил и да го вработи квалификуваниот медицински кадар, кој во овие моменти е неопходен.

Венко да облече бел мантил и да ги слушне барањата на хронично болните, специјализантите, вработените во брза помош, семејствата кои молат за здравје и сите оние кои добронамерно му се обраќаат со предлози за надминување на оваа тешка ситуација во која што не втурна тој.

Доста ни е веќе од неговиот ПР!

Срамота е и крајно безобразно да вели дека се е под контрола, а од друга страна луѓе умираат чекајќи брза помош, молат за кислород, за  терапија или за прием во болница!

За сето ова мора да има одговорност!

Треба да знаете
Последни објави