Search

Андоновска: Главниот виновник за поразителните бројки од заболени и починати е Венко Филипче

Во вечерашното издание на дебатната емисија “Заспиј ако можеш” гостуваше членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и стоматолог др. Марија Андоновска, која зборуваше за моменталната здравствена ситуација во државата, како и за проблемите кои ги имаат здравствените работници во Република Македонија.

Андоновска посочи дека најголем виновник за лошата здравствена ситуација е првиот човек на Министерството за здравство, Венко Филипче. Андоновска вели дека тој уште на стартот на пандемијата наместо да се зафати со работа и со изнаоѓање на додатна опрема, нови сместувачки капацитети за заболените од Ковид-19, тој држел прес конференции на кои само ги бранел неколкуте луѓе околу него, кои несомнено покажале некомпетентност во борбата со пандемијата.

Андоновска вели дека Филипче е најголемиот виновник за лошите и поразителни бројки поради тоа што наместо да се занимава со работите кои му се во доменот, тој водел политика на својот Фејсбук профил. Таа исто така не негира дека можеби Филипче како доктор во неговата област е добар доктор, но недвосмислено тврди дека е најлошиот министер за здравство во историјата.

“Здравствените лица мака мачеа за да се снабдат со ракавици и маски. Тоа е срамота. Да не зборуваме за додатна опрема која во светот ја имаа уште од првиот ден, а кај нас стигна речиси на половина од пандемијата, откако сфатија дека навистина губиме здравствени работници и ќе останеме без луѓе кои ќе ги лечат заболените. Филипче мораше да реагира побрзо и залудно сега се крие зад лажните пи ар објави на неговите профили на социјалните мрежи”, вели Андоновска

Жално е државата да ја водат луѓе како Филипче и Заев, поради тоа што во изминатите години се додека не седнаа во фотеља ветуваа се и сешто, еден човек го нарекуваа министер за смрт, за сега да не направат ништо за доброто на својот народ и да го пуштат низ вода. Во оваа ситуација граѓаните се препуштени сами на себе и само еден Господ може да ги сочува од вирусот, заврши Андоновска..

Треба да знаете
Последни објави