Search

Андов: Овој договор мора да се случи, во спротивно ќе биде многу опасно за земјава

Андов: Овој договор мора да се случи,бидејќи во спротивно ќе биде многу опасно за земјава

Поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов смета дека најпаметно решение за сегашната ситуација во земјва е да се постигне договор меѓу власта и опозицијата, таа да гласа за уставните промени врз основа на Договорот кој е постигнат со Грција и во една конструктивна атмосфера сето тоа да се заврши во разумен рок.

Андов во изјава за МИА дадена по денешната промоција во Велес на неговата најнова книга „Успеси и заговори 1993“ за значењето на приликите во земјава во 1993 и денес појасни дека 1993 година била година на големи успеси.

– Беше значајна година бидејќи како држава бевме примени во ОН и со тоа веќе беше призната нашата независност на меѓународен план и покрај сите тешкотии кои ни останаа, но и тоа беше година на големи опасности за државата, кои на некој начин ги минавме добро. По многу работи слична е и оваа година со 1993 година, бидејќи како и тогаш и сега преживуваме многу сложени состојби и се надевам дека и сега со успех ќе ги совладаме. Се надевам дека сегашното државно раководство ќе стори се да може да може да се реши овој проблем околу изолацијата на државата и таа да добие можности за еден вистински развој како членка на НАТО и ЕУ, нагласу тој.

На најавите на некои од политичари од странски земји дека ако ова што поскоро не се реши дека се можни и воени дејствија во регионот Андов одговори: „Овој договор мора да се случи ,бидејќи во спротивно ќе биде многу опасно за земјава“.

На прашање за ситуацијата во 1993 и сега во 2018, а во врска со преговорите со Грција за името, тој појасни дека не може да се споредува бидејќи „ние тогаш немавме можност да обезбедиме во името на нашата држава да стои зборот Македонија, а сега тоа е остварено и не само тоа со новите уставни промени кои се предлагаат од договорот се признати и македонскиот народ и јазик и сега е многу поголем резултатот кој го имаме и мислам дека ова е сосема добар договор“.

Треба да знаете
Последни објави