Search

Англија ќе забрани купување мали кучиња и мачки од продавници

На продавниците за домашни миленичиња во Англија наскоро ќе им биде забрането да продаваат мали кучиња и мачки.

Оние кои сакаат да купат или да посвојaт миленик под шест месеци ќе треба да го набават истиот од специјална одгледувачница или од стационар за кучиња скитници. Забраната за лиценцираните продавачи кои се занимаваат со продажба на кучиња и мачки помали од осум недели ќе стапи на сила од 1 октомври.

Забраната има за цел да ги намали здравствените проблеми кај животните, предизвикани од лоши услови за живот, а истата беше потпишана од речиси 150 000 луѓе.

Во јануари годинава Англија најави забрана за користење диви животни низ циркузите во дел од земјата

Треба да знаете
Последни објави