Search

Англија најавува организација на фудбалски Ол-стар натпревар

Новиот сопственик на англискиот фудбалски премиерлигаш Челзи, Тод Боли неодамна изјави дека би сакал да види „Ол Стар“ натпреварот на Островот. Американскиот бизнисмен смета дека Премиер лигата едноставно треба да има натпревар на кој ќе се собираат најголемите ѕвезди, по примерот на спортот во САД.

Оваа идеја најпрво наиде на исмевање од фудбалските критичари, а сега страмежливо се највува дека може да се случи американизација во европскиот спорт.

-Плановите за организирање на Ол-стар натпревар повторно заживуваат и стануваат актуелни. Најдобрите 11 од Премиерлигата против најдобрите од Бундеслигата, Ла Лига и остатокот од топ- лигите, најавува „Тајмс“.

Овие натпревари би се играле на крајот од сезоните и нема сомнеж дека би привлекле големо внимание ширум светот.

Треба да знаете
Последни објави