Search

Англија ги отвора вратите од стадионите за навивачите на 2 декември

Англија на 2 декември ќе ги отвори вратите на фудбалските стадиони за навивачите. Нивното присуство на почетокот ќе биде ограничено. Бројот на присутните очевидци на трибините ќе се одредува според зоната определена од пандемијата предизвикана од коронавирусот во која се наоѓаат стадионите каде ќе се играат премиерлигашките натпреаври. Земјата ќе биде поделена во три зони според зафатеноста на населението од корнавирусот, па според тоа и бројките за навивачи ќе се движат од 4.000 па надолу.

Навивачите ќе мора да ги почитуваат здравствено безбедноните протоколи, нема да им биде дозволено пеење и скандирање за време на натпреварите, а исто така забрането е конзумирање алкохол пред почетокот на мечевите и во нивниот тек.

 

Треба да знаете
Последни објави