Search

Англија бесплатно ќе дели витамин Д како превентивна мерка против Ковид-19

Англиските власти објавија дека ќе понудат бесплатна испорака на витамин Д за околу 2,7 милиони граѓани кои припаѓаат на ризичните групи.

Витаминот Д е неопходен за правилно функционирање на имунолошкиот систем, поради што многу експерти веруваат дека веројатно ќе помогне во намалување на ризикот од инфекција или развој на потешки симптоми на Ковид-19.

Властите денес објавија дека автоматски ќе испраќаат витамин Д во сите домови за стари лица низ Англија. Покрај тоа, тие ќе им го понудат овој витамин бесплатно на ризичните групи на луѓе кои потоа ќе одлучат дали сакаат да го користат.

Испораките на четиримесечните залихи со витамин Д ќе започнат во јануари, пишува „Скај Њуз“.

Сепак, ескпертите наласуваат и дека прекумерното внесување на витамин Д може да има штетни ефекти врз организмот и затоа е важно луѓето да се придржуваат до препорачаните дози.

Треба да знаете
Последни објави