Search

Англичанките и Италијанките во осминафиналето на СП во фудбал

Репрезентациите на Англија и Италија обезбедија пласман во осминафиналето на годинешното Светското првенство во фудбал за жени.

Репрезентацијата на Англија во рамки на Групата „Д” беше поуспешна од Аргентина со минимален резултат 1:0, а стрелец на голот беше Џоди Тејлор во 61. минута. Вреди да се спомне дека исходот од овој натпревар можеше да биде подобар во полза на Англичанките доколку Никита Парис успееше да постигне гол од белата точка.

Во Групата Ц, Италија уверливо со 5:0 ја порази Јамајка и сега со шест бодови од два одиграни натпревара обезбеди пласман во осминафиналето. Стрелци на головите за Италија се Кристијана Гирели со својот хет-трик и Аурор Гали која постигна два гола.

Освен Англија и Италија, свое место во осминафиналето обезбедија и Франција од групата „А” и Германија во групата „Б”.

Треба да знаете
Последни објави