Search

Ангел на ножевите: Скулптура направена од 100.000 сечила употребени во злосторства

Националниот центар за железни скулптури во Англија, креираше дело кое, иако можеби на прв поглед не изгледа така, испраќа силна порака која повикува на решавање на проблемот со насилството.

Ангелот на ножевите, или официјално Националниот споменик против насилството и агресијата, е скулптура направена од ножеви кои биле запленети од насилници низ цела Англија. Скулптурата првично била поставена во селото Морда, а дури 30 отсто од ножевите биле крвави и пристигнале во вреќи за биолошки отпад.

Кампањата наречена „Зачувај го животот, предај го ножот“, започна во 2014 година и собра доволно ножеви за да се реализира проектот, иако не сите полициски станици ја поддржаа ваквата скулптура.

Сепак, благодарение на соработка од 43 полициски станици, бил собран материјал доволен за изработка на делото.

Автор на скулптурата е Алфи Бредли, кој и самиот бил жртва на насилство од нож, собрал над 100.000 ножеви и од нив направил креативна целина. Пред да ги намести сечилата во посакуваната форма, тој ги исчистил и дезинфицирал, а семејствата чии членови биле убиени со нож, можеле на нив да изгравираат пораки.

Ангелот на ножевите е висок 6,1 метри, а негова примарна улога е да се подигне свеста за насилството во кое се користат ножеви како оружје. Од нејзиното промоција кулптурата се пренесува од град во град.

Треба да знаете
Последни објави