Search

Ангелов во посета на штипскиот регионален Центар за управување со кризи

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, денеска изврши увид во целосно реновираните простории на Регионалиот центар за управување со кризи (РЦУК) Штип и оперативниот центар 112.

Како што информираат од ЦУК, двата центра се веќе подготвени за прием на новата опрема за единствениот повикувачки европски број 112 за итни ситуации.

Ангелов во РЦУК се сретна со вработените, со имплементаторите и изведувачите на проектот и заедно со нив директно се запозна со функционалноста и адаптациите предвидени за работа, како и со новата поставеност и определба за имплементација на проектот 112 во државата.

Треба да знаете
Последни објави