Search

Ангеловски: Ќе играме за подобар рејтинг и пласман на крајот во групата

Македонската фудбалска репрезентација по осумте одиграни кола во квалифиакциската група Г за ЕП-2020 е на делба на третото место со по 11 бодови со селекциите на Словенија и Израел. Пред квалификациските дуели во октомври Македонија беше сериозен играч во групата за освојување на второто место, но поразот од Полска во Варшава (2:0) им го прекина сонот кој трае повеќе од двеиполдецении наречен „настап на завршница од ЕП“.

Сега пред одигрувањето на последните две кола, кога лидерот Полска има обезбеден настап на завршницата од ЕП-2020, а второпласираната Австрија има бега на конкурентите пет чекори и е на сигурен пат да го верификува учеството на јубилејното Еуро кое ќе се одржи во 13 градови ширум на Стариот континент, Македонија ќе игра за подбар рејтинг.

-Адеми иако играше против Шахтјор отпадна, има фрактура на стопалото, и докторите предвидуваат шест недели пауза. Бејтулаи отпаѓа, се враќаат Барди и Велковски. Кај Велковски ситуацијата е иста како кај Ристовски претходно. Алиоски ја санираше повреда и очекувам да биде „фит“. Даниел Аврамовски, мислам дека со своите игри заслужи да биде дел од националниот тим, а се враќа и Никола Ѓорѓев за кого сметам дека мора да има место во оваа селекција – го образложи својот избор македонскиот селектор.

Македонија на 16 ноември ќе и гостува на Австрија која во Скопје ги растури „црвено-жолтите“ и ги совлада убедливо со 4:1.

-Не е сеедно како и на кое место ќе ги завршиме квалификациите. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто од тимот на следните два меча и да си обезбедиме што подбар пласман. Австрија не надигра дома, се работи за репрезентација која доминира во овие квалификации. Тоа е мотив плус за нас да се покажеме во подобро светло. Не ни е сеедно како ќе заврши мечот во Виена. Се наоѓаме во ситуација да мора да размислуваме и за Косово и полуфиналето на Лигата на Нациите, затоа што немаме пријателски натпревари по овие дуели, порача Ангеловски.

По дуелот во Виена на 19 ноември во Скоје доаѓа Израел со кого првата средба во Беершева заврши без победник (1-1).

Треба да знаете
Последни објави