Search

Ангеловски дополнително го викна Костадинов меѓу сениорите

Поради проблемите со повреди и казнети играчи за првиот ноемвриски квалификациски дуел за ЕП-2020 со Австрија на 16 ноември во Виена и три дена подоцна со Израел во Скопје, македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски -Мрме, одлучи да испрати дополнителен повик за Тихомир Костадинов, играчот за врска на словачкиот Ружомберок.

Костадинов е младински репрезентативец и игра во добра форма. Новоповиканит репрезентативен кандидат меѓу сениорите Костадионов денеска беше дел од тимот на Ружомберок кој го победи  составот на Жилина во гости (2:1).

Треба да знаете
Последни објави