Search

Ангеловски ги повика Аврамовски и Ѓорѓев за дуелите со Австрија и Израел

Селекторот на најдобрата македонска фудбалска репрезенатција Игор Ангеловски – Мрме за последните два квалификациски натпревари од групата Г за ЕП-2020 објави списокот со 23 кандидати. По подолго време повик им е испратен на Даниел Аврамовски и на Никола Ѓорѓев. Другите кандидати се стандардни подолг период во изборот на селекторот.

На списокот иако ќе паузирата поради картони се најдоа и Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски кои нема да конкурираат за составот на тимот на гостувањето кај Австрија на 16 ноември, но затоа пак ќе бидат во комбинација три дена подоцна за дуелот со Израел пред своите гледачи. Од овој ноемвриски двомеч ќе биде поштеден Аријан Адеми од Динамо кои има повреда и паузата ќе ја искористи за рехабилитација.  
Треба да знаете
Последни објави