Search

Ангеловска: MojДДВ не е „играње со технологијата” – да не е технологијата нема ниту да одиме напред, ниту да ги задржиме младите тука

Да не се технологиите нема да има ниту фискална транспарентност, ниту следење на јавниот долг, ниту фискална дисциплина, ниту младите ќе ги задржиме во земјата, ниту ќе успееме да ја придвижиме земјава напред.

Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска реплицирајќи на комисиската расправа за ребалансот на буџетот во Собрание, на тврдењето дека мерката „МојДДВ” е играње со технологија. Таа исто така истакна дека „МојДДВ” е само една мерка од сеопфатна стратегија за решавање на сивата економија.

-За „МојДДВ” кажавте една реченица за која мене искрено како нова генерација, како миленијал ми сметаше, а тоа е дека си играме со технологии. Да не се техологиите, нема да има ниту транспарентност, ниту следење на јавен долг, ниту фискална дисциплина, ниту ќе одиме напред, ниту младите ќе ги задржиме во земјата ако не се технологиите. Велите зошто не сте го намалиле ДДВ-то. Порано беше „Фискална во рака, награда без мака” – зошто тогаш не беше намалено ДДВ-то. Тогаш фискалните се испраќаа во плик и се доделуваа станови. Ја користевте како мерка за да адресирате проблем со која мислевте дека ќе ја решите сивата економија. Не. Тоа е само еден мал дел. И МојДДВ е само една мерка. Има стратегија и ќе ја решаваме сивата економија – рече Ангеловска.

Инаку со ребалансот на буџетот се обезбедуваат 300 милиони денари за мерката МојДДВ чија прва исплата ќе биде за неполни три месеци. Со мерката МојДДВ физичките лица преку собирање на своите фискални сметки и пријавување до даночниот орган имаат право на враќање на дел од ДДВ, односно 15% од данокот искажан во фискалните сметки. Оваа мерка ќе обезбеди дополнителен приход во секое семејство, ќе ја засили куповната моќ и позитивно ќе вилјае врз зголемување на потрошувачката и на наплатата на ДДВ, како и врз намалување на даночната евазија и сивата економија.

Треба да знаете
Последни објави