Search

Ангеловска: УЈП има поддршка од Министерството за финансии за интензивна дигитализација

Реализирањето на функциите на државата, преку полнењето на Буџетот е заедничка обврска на Министерството за финансии и Управата за јавни приходи – едната го обезбедува со прилагодување на регулативата, а другата оперативно. Високиот процент на реализација на буџетските приходи – над 79 проценти кај даноците и над 81 процент кај придонесите, заклучно со октомври, ја покажува одличната соработка на двете институции, што резултира со стабилни јавни финансии и развој на економијата, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Управата за јавни приходи и Денот на даночните работници Свети Матеј.

Современата технолошка револуција ја притиска и Даночната управа да прави брзи промени, за да може да се прилагоди на смарт и дигитално општество, во кое сме веќе влезени. Дигиталната експанзија не нѐ одминува. Управата веќе прави анализи врз основа на big data. Како човек кој верува дека технологијата може да реши многу проблеми, верувам дека со понатамошно усовршување, можеме да станеме и поефикасни и поефективни. ‘Секогаш можеме и подобро’ е моето мото, за што се согласуваме со директорката на УЈП и ќе работиме на тоа со здружени сили-посочи Ангеловска.

Управата за јавни приходи интензивно се дигитализираПовеќе од 95 проценти од данокот на личен доход го администрира исплатувачот, што го олеснува работењето на УЈП, ја зголемува контролата и ослободува ресурси. Претпополнетата даночна пријава за данок на личен доход, што успешно беше воведена оваа година е значајна и од аспект на укинувањето на хартиените даночни пријавиЕколошки ефект, но истовремено и големо олеснување за компаниите ќе значи и најавеното укинување на сметкопотврдата како документ за користење на правото на одбивка на ДДВ до 6.000 денари.

-Овде сакам да најавам натамошен чекор кон електронското сметководство и придонес кон бесхартиената околина со воведување на електронската фактура. И сега постои законска можност за примена на е-фактура. Министерството за финансии веќе работи на операционализација на оваа новина. Тоа ќе биде уште еден голем предизвик пред даночната администрација, Министерството за финансии и Владата. Но, тоа е предизвик со кој вреди да се соочиме – укажа министерката за финансии.

Нагласувајќи дека без висококвалификуван човечки капитал, знаење и нови технологии не е можен напредок во ниедна, а камо ли во чувствителната сфера на оданочувањето, Ангеловска кажа дека Управата за јавни приходи ја има целосната поддршка на Министерството за финансии во процесот на внесување нова клима во работењето на даночната администрација, која подразбира квалитетно и транспарентно работење и одговорност за резултатите.

Државата мора да ја подготви својата даночна администрација за времето што доаѓа. Дигиталните номади, ако решат да платат данок во Македонија затоа што им одговара даночниот товар, сигурно тоа нема да го прават доаѓајќи на шалтер. Од друга страна, ги имате традиционалните плаќачи на данок, чиј даночен морал можеме да го зајакнеме со поедноставување и намалување на даночните постапки, подобри даночните услуги и пред сё ако ги увериме дека ефикасно и ефективно управуваме со средствата што ги плаќаат. Затоа транспаретноста не е само збор во програмата на Владата туку е одраз на решеноста да им покажеме на граѓаните и на компаниите дека ништо не сакаме да скриеме – рече министерката Ангеловска.

Министерството за финансии овозможи јавен увид во трансакциите на буџетските корисници со алатките за реализација на капиталните инвестиции во Буџетот и со Платформата Отворени финансии, зголемувајќи ја транспарентноста. Дигитализацијата и новите технологии значат и соголување на сите чинители на фискалниот систем, нивно отварање за анализа, за критики и за конкретни постапки ако работењето не е согласно со законот.

Но, само дигитализацијата и воведувањето на технологија без визија не може да ги даде целосните ефекти. Паметено општеството ја искористува моќта и потенцијалот на технологијата да ги направи граѓаните попродуктивни, да ни овозможи да се фокусираме на нашите ресурси и да придонесуваме за активности кои се важни со крајна цел  да се подобри здравјето, благосостојбата и квалитетот на животот и општеството- рече Ангеловска.

Прославата на јубилејот на Управата за јавни приходи оваа година беше под мотото Приходи, предизвици, партнери“.

Треба да знаете
Последни објави