Search

Ангеловска на „Woman in Tech”: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата  

Оваа Covid-19 криза, донесе големи предизвици, но истовремено и можности за технологиите и жените претприемачи и истата треба да се искористи за да ги направиме работите подобри во иднина, порача министерката за финансии Нина Ангеловска на виртуелната меѓународна конференција организирана од „Women in Tech” на панел со тема “Дипломатската визија да се охрабрат жените во науката, технологијата, инженерство и математиката”.

– Дигиталниот е единствениот начин за развој, за одењето чекор понатаму. Веќе ја немаме можноста да бираме дали ќе работиме на традиционален или дигитален начин, сега сите мора да се адаптираат. Ова мора да се искористи мудро, особено од страна на жените претприемачи. Оваа пандемија ќе заврши – а кога ќе заврши, од нас зависи колку попаметно, поефективно и подобро ќе функционираме. Се ќе зависи од тоа колку брзо ќе се адаптираме на ситуацијата. Вработените, граѓаните и фирмите ќе имаат нови способности, нови бизнис модели ќе се развијат, голем дел ќе се променат, а технологијата дефинитивно ќе одигра клучна улога во сето тоа, во секоја дејност и економија во светот. – рече Ангеловска.

На виртуелната меѓународна конференција „Жени во технологијата” учествуваа  150 говорници од 60 земји од светот. Ангеловска, инаку е една од првите седум амбасадорки на дигитална трговија на УНКТАД – телото на Oбединетите Нации за трговија и развој.

Треба да знаете
Последни објави