Search

„Ангели“ со победа во дербито над Борец го зачуваа првото место

Кошаркарскиот клуб „Ангели” од Кисела Вода, со уште една победа сеуште го држи првото место во втората кошаркарска лига. Сениорите на „Ангели”, на домашен терен во спортската сала „Независна Македонија”, со резултат 83:56 убедливо ја победија досега непоразената екипа на КК „Борец баскет” од Велес.

На натпреварот, со најмногу постигнати поени за домашната екипа, се истакнаа: Максим Митевски 23, Милорад Миновски 14 и Миле Станимировиќ 11. Од останатите играчи на „Ангели” поени постигнаа и Лука Стојановски 10, Тино Мартиновски 8, Петар Огњеновиќ 6, Петар Прентовиќ 4, Тео Милевски 2, Лука Наумовски 2 и Ангел Јанев 1.

Треба да знаете
Последни објави