Search

Ангажирани над 2.000 полицајци за протестите на албанската опозиција

Пред утрешните масовни антивладини протести, организирани од албанската обединета опозиција, Министертвото за внатрешни работи соопшти дека се преземаат сите потребни мерки за спречување на било каков обид за нивна ескалација.

За безбедноста ќе бидат ангажирани над две илјади припадници на полицијата, вклучувајќи ја и специјалната единица „Шќипоња”, како и припадниците на специјалната единица за брзи интервенции. Околу објектот на Владата во Тирана ќе бидат ангажирани 900 полицајци. Се поставуваат и железни скелиња со соодветна заштитна мрежа, со кои се изолира главниот влез на зградата, наворешната пријавница, како и други делови на објектот.

Зајакнато обезбедување има и пред сите државни институции кои се лоцирани на плоштадот „Народни херои”. Ќе има и многу медицински и противпожарни возила.

Уште пред една недела се набљудуваат и лица за кои постојат сомнежи дека имаат криминални досиеја и за кои постои сомнение дека е можно да учествуваат во протестите со цел „да ја дестабилизираат земјата”.

Строги полциски контроли ќе има во текот на ноќва и утрешниот ден. Посебна задача за контроли има и сообраќајната полција по патиштата и улиците во и околу Тирана, додека автобусите кои доаѓаат во Тирана заради протести ќе мора да се паркираат на периферијата на градот. Се забранува движење и паркирање возила на плоштадот и улиците поврзани со него, додека делумна забрана ќе има и на улицата која води од седиштето на Демократската партија до Владата.

Треба да знаете
Последни објави