Search

Ана Фарис и Мајкл Барет тајно се венчале

Веста дека Ана Фарис се омажила за Мајкл Барет доаѓа само неколку дена откога двајцата беа забележани на вечера во Санта Моника.

44-годишната актерка од Mom случајно откри дека таа и снимателот Барет се венчале во судската палата во државата Вашингтон додека разговараше со кулинарскиот експерт Гејл Симонс на нејзиниот поткаст „Ана Фарис е неквалификувана“.

Во вторникот Ана и Мајкл беа видени како уживаат во пријатна вечера со нејзиниот осумгодишен син во мексиканскиот ресторан „Талула“ во Санта Моника.

Ана и Мајкл се свршија во 2020 година. Ѕвездата на Scary Movie („Страшен филм“) ја потврди свршувачката кога гостуваше во вечерното шоу на Џејмс Корден во февруари минатата година.

Треба да знаете
Последни објави