Search

Ана Брнабиќ ќе живее во вилата на Јованка Броз

Српската премиерка Ана Брнабиќ може да започне да ја користи вилата во Белград каде со децении живееше вдовицата на Јосип Броз Тито, Јованка Броз.

Со декрет на Владата, вилата во улицата Кнез Александар Караѓоре на Дедиње ставена е во објектите за репрезентативни потреби на Република Србија. Одлуката е објавена во Службен весник и е потпишана лично од Ана Брнабиќ.

Не е познато кога Брнабиќ ќе се пресели во државната вила малку позната како „Бор”, а повеќе по вдовицата на Тито, но зградата е скоро целосно подготвена за премиерката и нејзиното семејство.

-Вилата на Јованка првпат по речиси шест децении беше реновирана претходните месеци, а медиумите претходно пишуваа дека нејзиното обновување е платено од 30 до 50 милиони динари (340.000 евра), додека директорот на Републичката управа за имот Јован Воркапиќ претходно изјави дека за целосна реконструкција на објектот се потребни околу 2,5 милиони евра.

Јованка Броз, вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, почина на 20 октомври 2013 година.

Треба да знаете
Последни објави