Search

Анализа на PornHub: Македонците во 2019 најмногу гледале филмови со лезбејки

Македонците на најпопуларната порно страница најмногу гледале филмови со лезбејки, покажа анализата на PornHub на која годинава се забележани 42 милијарди посети, или приближно 115 милиони посети дневно.

Прегледани се 6,8 милиони видеа, за кои да се видат се потребни 169 години, велат од PornHub, а просечното време на посета е 10 минути и 28 секунди, при што повеќето корисници се на страницата помеѓу 23 часот и 1 часот наутро.

Според PornHub, најголемиот дел  од светот изгледа дека е заинтересиран за лезбејско порно. Во САД, Канада, Мексико, Бразил, Аргентина, Австралија, Норвешка, Финска, Италија, Велика Британија и многу други земји, лезбејското порно беше најгледано. Меѓу нив се Македонија и Словенија

Хрватите, како и Србите и Црногорците, најмногу прегледувале видео содржини во категоријата на оние со постари лица. Категоријата анал најмногу ја барале жителите на Турција, Иран, Ирак, Авганистан, Норвешка, Естонија, Латвија, Данска, Исланд, Франција, Германија, Австрија, Алжир, Мароко и Западна Сахара.

Корисниците во БиХ, пак, најмногу гледале видеа во категоријата МИЛФ, која се однесува на сексуално привлечна жена помеѓу 30 и 50 години.

Интересно е што Јапонците и посетителите на PornHub од Исток најмногу ја пребаруваат категорија Јапонц. иНа нив им се придружуваат само жителите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Оман.

Додека Јапонците ги бараат Јапонците, Русија, Украина, Белорусија, Чиле, Боливија и Перу најмногу ја гледаат категоријата Хентаи, која означува јапонски анимирани филмови.

Најпребарувана порно актерка, пак, во 2019 година е Лана Роудс.

Треба да знаете
Последни објави