Search

Анализа: Анкетите на Телма на сите избори досега ги фаворизираа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Анализа: Анкетите на Телма на сите избори досега ги фаворизираа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ

Дали може да им се верува на анкетите на Телма?

Анектата на Телма која по нарачка на телезијата ја изработува агенција М-проспект секогаш ја бранува јавноста а повеќето медиуми ги пренесуваат резутлатите од ова истражување. Но. колку може да и се верува на оваа анкета и како во минатото агенцијата која го работи истражувањето се покажа во мерењето на рејтинзите? Ова е важно да се знае бидејќи резултатите од анкетите влијаат на јавното мислење а нивното објавување на влијателни медиуми може значително да им помогнат или наштетат на партиите. Да одиме од последните анализи.

За време на референдумот, аналитичарите кои ги презентираа наодите од истражвуањето прогнозираа излезност од 46%. Реалната излезност на референдумот беше 37% и ова е промашување за цели 9% во однос на излезноста. Пред референдумот, Телма и М-Порспект прогнозираа за резултатите од локалните избори каде исто така имаа големи промашувања. Па така на веб страницата www.mojotizbor.mk , може да се најде споредбена анализа на анкетите на Телма со реалните резултати од изборите. Речиси сите анкети објавени го фаворизирале или му давале поголеми шанси на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Така на пример, Телма предвидувала дека Петре Шилегов ќе води во првиот круг со само 3% предност, додека Шилогв победи уште во првиот круг со цели 14% предност пред Коце Трајановски. (линк) Во емисијата посветена на анкетите тогаш, главниот уредник на Телма Атанас Кирвоски, тврдеше дека во првиот круг во Скопје, СДСМ може да победи само во Центар и во Карпош, што на крајот се испостави како голема грешка.

Ако се враќаме уште наназад, и во 2016 година Телма прогнозираше победа на ВМРО-ДПМНЕ со многу поголема разика од скромните 15.000 гласа со кои што победија на изборите.


Овие факти говорат дека методологијата која ја користат очигледно ја фаворизира ВМРО-ДПМНЕ и нејзините кандидати. Се поставува прашањето, дали и колку ја фаворизира Силјановска во најновата анкета? Според некои аналитичари и анкети кои се правени приватно за партиите, Стево Пендарвоски во првиот круг ќе има стабилно водство од 8 до 10% пред Силјановска

 

Треба да знаете
Последни објави