Search

Амфилохие : Законот за слобода на вероисповед е срам за Црна Гора

Литиите не се политички собири, рече митрополитот црногорско-приморски Амфилохие, додавајќи дека нема да прифати преговори за спроведување на Законот за слобода на вероисповед бидејќи тој акт е „срам за Црна Гора“.

Тој вели дека не се точни оценките на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека литиите биле политички собири.

„Вие сте сведоци на собирот на овој народ денес, дали тоа беше политички митинг или навистина духовен и црковен? Вие сте сведоци што е тоа. Ако тој ова го нарекува политички собир, тогаш тој не знае и не е ни чудо што не знае, затоа што не е ни крстен“, им рече Амфилохие на новинарите.

Тој рече дека народот веќе дал одговор на повикот на власта да се разговара за спроведувањето на законот.

„Тоа е беззаконие, тоа е киднапирање на светилиштата, за тоа не се зборува. Владата може да изврши насилство, но очигледно овој народ не прифаќа насилство“, рече Амфилохие, додавајќи дека народот повикува на разум, љубов и разбирање.

Треба да знаете
Последни објави