Search

АМС почнува консултативни средби за законот за младинско учество и младински политики

Агенцијата за млади и спорт ги почнува првите консултации со младите за предлог-текстот на законот за младинско учество и младински политики. Следната недела во Скопје, Струмица и Штип ќе се одржат јавни дебати на кои ќе се дискутира содржината на предлог-текстот, како и потенцијални насоки за подобрување на законот за да се задоволат потребите на младите во државава.– Младите луѓе директно ќе дебатираат, ќе разменат мислења и предлози околу процесот на изработка на предлог текстот, неговата содржина и придобивките од текст-содржината за младинско учество и младински политики. Креативните идеи и заклучоци кои ќе произловие консултативни средби ќе бидат инкорпорирани во законското решение, соопшти денеска Агенцијата за млади и спорт.

Работната група за дебатите и иницијативата за законот за младинско учество и младински политики ја предводи Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт заедно со Пратеничкиот клуб за младински прашања и политики при Собранието на Република Северна Македонија, како и претставници на младинските организации Национален младински совет на Македонија, Коалиција на младински организации СЕГА и подмладоците на БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ.
Првата дебата ќе се одржи во вторник следната недела во јавнана Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.
Треба да знаете
Последни објави