Search

Америка доби понуда да ja купи Валонија за едно евро

Подмладокот на националистичката партија Нова фламанска алијанса му предложи на американскиот претседател Доналд Трамп да ја купи Валонија – за едно евро.

„Драг претседател Трамп, едно евро и Валонија е ваша. Јавете ни се“, напишаа на твитер-профилот на оваа партија.

Објавена е и фотографија од градот Дурбуј, на кој е додадена фотографија на њујоршкиот облакодер „Трамп тауер“.

Претходно беше објавено дека американската администрација разговарала за можноста на Данска да ѝ се предложи годишна исплата од 600 милиони долари за предавање на Гренланд во неограничена употреба.

Треба да знаете
Последни објави