Search

Американците во март купиле околу два милиони парчиња огнено оружје

Американците во март годинава купиле речиси два милиони парчиња огнено оружје, вторпат во историјата на земјата, пишува Њујорк Тајмс.

Повеќе оружје Американците набавиле во јануари 2012 година, кога Барак Обама беше реизбран за американски претседател, а тој беше поддржувач на построгите контроли за купување и носење оружје во САД.

Со оглед на тоа што многу Американци стравуваат дека пандемијата на коронавирусот ќе резултира со немири, продажбата на оружје рапидно расте.

Во оваа мера, продажбата на оружје порасна после терористичкиот напад на 11 септември 2001 година, кога беа продадени 754.000 парчиња оружје, потоа кога Обама за првпат беше избран за претседател кога беа продадени 1,1 милиони оружја, како и после неговиот реизбор во 2012 година, кога Американците купиле два милиони парчиња оружје.

Но, минатиот месец беше поинаков, пишува Њујорк Тајмс.

Со создавање на залихи намирници и тоалетна хартија, како што стојат работите, Американците создаваат и резерви на оружје, за што сведочи и фактот дека за само еден месец се продадени 1,9 парчиња оружје.

Треба да знаете
Последни објави