Search

Американско разузнавање: Русија насочена да му наштети на Бајден, Кина сака Трамп да загуби

Висок официјален претставник на САД oд контраразузнавањето предупреди дека Русија, Кина и Иран ќе се обидат да влијаат врз претседателските избори во САД, со тоа што Русија веќе се обидува да го поткопа веројатниот кандидат за демократите Џо Бајден.

Директорот на Националниот центар за контраразузнавање и безбедност Вилијан Еванина рече дека државите користат дезинформации преку интернет и други средства во обид да влијаат врз гласачите, да предизвикаат немири и да ја поткопаат довербата на американските гласачи во демократскиот процес.

Противници однадвор исто така може да се обидат да се мешаат во американскиот изборен систем, обидувајќи се да го саботираат процесот на гласање, да украдат податоци за изборите или да ја доведат во прашање валидноста на изборните резултати, предупредува Еванина.

Претходните повторени проверки на американските разузнавачки агенции резултираа во заклучок за 2017 година дека Русија дејствувала во изборната кампања за 2016 година за зајакнување на позицијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп и ги поткопувала шансите на неговата противкандидатка Хилари Клинтон.

Евавина предупреди дека Русија веќе оди кон поранешниот американски потпретседател Бајден и на она што го смета за антируски американски „естаблишмент”.

Тој исто така рече дека прорускиот украински политичар Андриј Дерках „шири обвиненија за корупција” со цел да ја поткопа кампањата на Бајден и Демократската партија.

Еванина нагласи дека „учесници поврзани со Кремљ”, исто така, се обидуваат да ја „зајакнат кандидатурата на претседателот Трамп преку социјалните медиуми и руската телевизија”. Неговата изјава е најјасен предлог за разузнавање од страна на разузнавачката заедница дека Русија претпочита еден од двајцата кандидати во изборната трка во 2020 година.

Според него, Кина сака Трамп да не освои втор претседателски мандат, затоа што Пекинг го смета за премногу непредвидлив. Како што рече тој, Кина ги засилува напорите да влијае врз американската политика пред изборите во ноември, за да се обиде да влијае на насока на американската политика и врши притисок врз американските политичари што ги смета за антикинески.

Еванина посочува дека Иран најверојатно ќе користи тактики преку интернет, како што е ширење дезинформации за да ги дискредитира американските институции и претседателот Трамп и да предизвика незадоволство кај гласачите во САД.

„Мотивацијата на Техеран да преземе ваква акција е делумно водена од перцепцијата дека реизборот на претседателот Трамп би резултирал во континуиран притисок на САД врз Иран во обид да предизвика промена на режимот”, тврди Еванина.

Треба да знаете
Последни објави