Search

Американски фармер си ја отсекол ногата со џебен нож откако му се заглавила во машина

Фармер од Небраска пренесувал пченка од едно на друго место кога ногата случајно му се заглавила во машина за обработка, пишува Си-ен-ен.

Куртис Касер (63) сфатил дека мора да дејствува многу брзо доколку сака да преживее.

„Не знаев што да правам и колку долго ќе останам свесен, речиси се откажав, но потоа се сетив дека го имам својот џебен нож“, објаснил Касер.

Тој пред околу три и пол недели бил сам на фарма во Пендер, населба во Небраска, кога се случила несреќата. Никој друг не можел да му помогне и самиот морал да одлучи дали ќе ја отсече својата нога и ќе си го спаси животот.

„Немав телефон со мене, не можев да повикам некој, па почнав да ја сечам ногата со ножoт“, раскажал Касер за медиумите.

Кога конечно успеал да ја отсече ногата, фармерот ползел до својата куќа за да дојде до телефон и да повика помош.

„Додека ползев, повремено морав да застанувам, но не предолго. Не сакав да се онесвестам, барем не пред да повикам помош. Морав сам да дојдам до телефонот бидејќи сите други работници си заминаа дома. Наскоро по повикот, дојде хеликоптер по мене“, кажал Касер.

Треба да знаете
Последни објави