Search

Американски сенатори: Нема сомнеж дека саудискиот принц го наредил убиството на Кашоги

Двајца американски републикански сенатори изјавија дека нема сомнеж дека саудискиот принц го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информации на состанокот зад затворени врати за заклучоците на ЦИА.

Ваквиот став е спротивен со ставот на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој неодамна рече дека ЦИА „не нашла ништо што е апсолутно сигурно“.

„Немам никакви сомнежи дека принцот престолонаследник, Мухамед бин Салман, го наредил убиството и дека бил известен за текот на настаните“, реќе сенаторот Боб Коркер, по состанокот со директорката на ЦИА, Џина Хаспел.

Коркер, кој претседател на надворешно-политичкиот одбор, рече дека на состанокот кој траел два часа не ја слушал аудио-снимката од убиството на Кашоги што се случи на 2 ноември во саудискиот конзулат во Истанбул.

Линдзи Грејем, сојузник на Трамп во Сенатот, исто така, оцени дека принцот бил соучесник во убиството на Кашоги.

На состанокот учествувале републикански и демократски сенатори.

Треба да знаете
Последни објави