Search

Американски свештеник уапсен на Филипините за сексуално насилство врз момчиња

Американски католички свештеник беше уапсен на Филипините, и обвинет во американскиот федерален суд, под сомнение дека сексуално злоупотребувал момчиња во земјата во Југоисточна Азија, каде што живее неколку децении, изјавија властите во двете земји.

Свештеникот Кенет Бернар Пиус Хендрикс (77) од Синсинати, беше уапсен во средата во филипинскиот град Навал, откако минатиот месец неколку наводни жртви го обвинија дека сексуално ги злоупотребувал кога биле момчиња.

Бројот на жртви достигна десетмина, изјавија од американската агенција за национална безбедност.

Со оглед на тоа што Хендрикс поминува дел од годината во САД, истражителите бараат информации за него од јавноста во двете земји.

Хендрикс, кој тврди дека обвиненијата се невистинити, би можел да добие затвроска казна од 30 години.

Треба да знаете
Последни објави