Search

Американски медиуми: Агенти на Тајната служба позитивни на Ковид-19 по митингот на Трамп во Тулса

Повеќе агенти на тајната служба на САД се во карантин поради загриженоста од коронавирус по предизборниот митинг на американскиот претседател Доналд Трамп во Тулса, Оклахома, објавија американски медиуми.

Според Си-Ен-Ен, бројот на агенти е помал од 12, изјави за медиумот службеник за спроведување на законот.

„Вашингтон пост” дополнително информираше за шест вработени кои се позитивно откако се вратиле од присуството на настанот.

Претходно, неколку здравствени службеници, наводно, го советувале претседателот да не го одржи митингот бидејќи затворен настан со голем капацитет може да предизвика ширење на вирусот.

Треба да знаете
Последни објави