Search

Американски конгресмен го тужи Твитер поради дискриминација

Републиканскиот конгресмен Девин Нунес го тужи Твитер, тврдејќи дека онлајн платформата ги дискриминира конзервативците со криење на нивните постови и одобрува објавување на „злоупотреби, непријателски говор и клевети” во врска со законодавниот орган.

Нунес, кој е сојузник на претседателот Доналд Трамп, ја поднел тужбата во Државниот суд на Вирџинија, и бара надомест на штета од 250 милиони долари.

Претставници на Твитер одбија да ја коментираат информацијата, и покрај тоа што во минатото енергично ги отфрлаа тврдењата дека платформата е политички пристрасна.

Треба да знаете
Последни објави