Search

Американски генерал: Предноста на НАТО во однос на Русија се истопи

НАТО ја губи воената предност во однос на Русија, поради што започна редефинирање на стратегијата на Алијансата, рече шефот на американската армија, генерал Џозеф Данфорд.

Тој присуствуваше на состанокот на Воениот комитет на НАТО што се одржа во Љубљана минатата недела, а теми на средбата беа Авганистан, Ирак и Косово, пренесува Б92.

Според изјавата, официјално издадена од Министерството за одбрана на САД, Данфорд рече дека Русија стана огромна воена закана бидејќи официјална Москва направи многу за подобрување на своите одбранбени способности.

Сега се истопи предноста што ја имаше НАТО, додаде генералот.

Затоа е потребно да се заврши новата стратегија на НАТО што е можно поскоро, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави