Search

Американски ветерани бараат ексхумација на морнари од Втората светска војна

Претставниците на Американската легија ги повикаа пратениците од северната држава Њујорк да побараат од Пентагон ексхумација на посмртните останки на морнари што загинале во експлозија на брод во Втората светска војна во обид да се идентификуваат паднатите борци.

Њујоршкиот разгранок на организацијата на американски воени ветерани од Втората светска војна усвои резолуција со која бара помош од пратениците и вработените во конгресот од таа американска сојузна држава, со цел да се убеди Министерството за одбрана да се ексхумираат остатоците што се погребани како тела на непознати борци во националните гробишта на Лонг Ајленд, пренесува агенцијата АП.

За четирите гробови е познато дека содржат остатоци од речиси 136 морнари кои загинале кога бродот „Ју-ес-ес Тарнер“ експлодирал и потонал во близина на влезот во пристаништето во Њујорк на 3 јануари 1944 година.

Официјалните претставници на американската морнарица тогаш објавиле дека уништувачот потонал поради внатрешни експлозии од непознато потекло.

Засега нема одговор од Пентагон за резолуцијата на Американската легија.

Треба да знаете
Последни објави