Search

Американски авиони ловци следеле руски бомбардери за време на лет

Руски стратешки бомбардери „Туполев Ту-95МС” извршиле набљудувачки лет долж крајбрежјето на Алјаска и Алеутските Острови, а во одредени делови на летот, тие биле следени од американски ловци  Ф-22.

-Четири стратешки бомбардери Ту-95МС летаа низ воздушниот простор над неутралните води на Чукотско, Берингово и Охотско Море, долж западниот брег на Алјаска и северниот брег на Алеутските Острови, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението на Министерството се наведува дека руските бомбардери во некои делови од летот биле следени од американски авиони ловци.

Руските авиони поминале повеќе од 12 часа во воздух. Летовите биле спроведени со строго почитување на меѓународното право и без упаѓање во воздушниот простор на други држави, информираат руски медиуми. 

Треба да знаете
Последни објави