Search

Американските дипломати добија рок од 72 часа да ја напуштат Венецуела

Венецуела на американските дипломати денеска им нареди да ја напуштат земјата во рок од 72 часа откако претседателот Николас Мадуро го обвини американскиот претседател, Доналд Трамп, за сајбер-саботажа што довела до најголемиот прекин на електрична енергија во земјата.

„Доналд Трамп е најодговорен за сајбер-нападот врз венецуелскиот електроенергетски систем“, изјави Мадуро во емисија во понеделникот вечерта, додавајќи дека таква технологија поседува само владата на САД, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Хулио Кастро, од невладината организација „Лекари за здравје“, на „Твитер“ доцна во понеделникот соопшти дека од почетокот на прекинот на електричната енергија, во јавните болници починале 24 лица.

Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареас, изјави дека американските дипломати мора да ја напуштат Венецуела во текот на следните три дена, а во соопштение на владата се вели дека присуството на овие претставници на тлото на Венецуела претставува ризик за мирот, единството и стабилноста на земјата.

Американскиот Стејт департмент во понеделникот соопшти дека неделава ќе го повлече својот персонал од Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави