Search

Американските граничари со солзавец кон мигрантите

Американската гранична контрола фрлила солзавец на мигрантски караван, откако неколкумина мигранти се обиделе да ја пробијат оградата кај границата меѓу Мексико и САД. Како што пренесува АП, деца во мигрантскиот караван пискале и кашлале откако граничарите фрлиле солзавец.

Трчавме, но кога трчаш, гасот уште повеќе те гуши“ рекла една мигрантка од Хондурас држејќи тригодишно дете во рацете.

„Вашингтон пост“ претходно јави дека мигрантите од Централна Америка, се обидуваат да ја пробијат оградата која ги раздвојува Тихуана и Калифорнија.

Областа ја надлетуваат американски хеликоптери, додека граничните патроли се распоредени долж жичената ограда.

Над 5.000 мигранти од Централна Америка се наоѓаат во Тихуана, кои поминале пат долг 4.000 километри во надеж дека ќеуспеат да влезат во САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер повторно изрази незадоволство поради мигрантскиот караван, кој се приближува кон границата со САД, нагласувајќи дека би било паметно кога Мексико и другите земји би го спречиле караванот пред да стигне на јужната американска граница.

Треба да знаете
Последни објави