Search

„Американскиот талибанец” денес излегува од затвор

Џон Волкер Линд од Калифорнија, познат како „американски талибанец”, кој беше заробен во Авганистан во 2001 година и осуден за поддршка на талибанците, денес ќе биде ослободен од затворот во Индијана.

Откако отслужи 17 од 20 години затвор во градот Тере Хаут, на колку што беше осуден откако призна дека е виновен за поддршка на талибанците, 28-годишниот Линд ќе биде ослободен заради добро владеење.

На неговото ослободување  се спротивставува семејството на Мајк Спен, кој беше убиен во Авганистан за време на бунтот на талибанските затвореници.

Спен го испрашувал Линд непосредно пред нападот, потсетува АП.

Треба да знаете
Последни објави