Search

Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„ЦИА ги разгледа овие прашања, но притоа не најде ништо сигурно за да го потврдиме тоа”, изјави Трамп за новинарите во Белата куќа.

Од американскиот претседател Доналд Трамп беше побарано да утврди дали саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман одиграл улога во убиството на Џамал Кашоги, пишува Би-би-си. А републиканците и демократите при Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД испратија писмо со барање за втората истрага.

По коментарите на претседателот на САД, републиканскиот сенатор Боб Коркер и демократот Боб Менендез испратиле соопштение во име на Комитетот за надворешни односи при Сенатот.

Во него тие го повикаа Трамп да се фокусира на втората истрага посебно на принцот, со цел да „утврди дали е одговорен за убиство, тортура или друго грубо кршење” на човековите права.

Американскиот претседател претходно изјави дека не ја отфрла можноста за вмешаност на принцот во убиството на новинарот Џамал Кашоги, но додаде дека тоа нема да влијае на „беспрекорните односи” меѓу САД и Саудиска Арабија.

59-годишниот Кашоги, кој беше критичар на саудиските власти и пишуваше колумни за „Вашингтон пост“, беше убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, каде што отиде по документот потребен за свадба со неговата свршеница која по потекло е од Турција.

Треба да знаете
Последни објави